Починатиот патник во автобуската несреќа вчера на автопатот Велес – Скопје, за кој претходно извести Министерството за здравство, е 68-годишната Н.П. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Увидот на местото на несреќата што вчера го почнал СВР Велес заедно со Основното јавно обвинителство Велес ќе продолжи и денеска, информира МВР.
Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 18.50 часот на 250 метри пред зимскиот пункт на „Македонија пат“. Автобусот „неоплан“ со скопски таблички, сопственост на „Бус Травел“ ДПУ ДООЕЛ Скопје, кој бил управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал од коловозот и слетал во провалија. Во несреќата повреди задобија возачот и сите 27 патници.
Некои медиуми претходно известија дека на едно дете му е ампутирана раката на Клиниката за детска хирургија во Скопје, но од таму велат дека станувало збор за операција, а не за ампутација.Увидот на местото на несреќата што вчера го почнал СВР Велес заедно со Основното јавно обвинителство Велес ќе продолжи и денеска, информира МВР.