Познат млад американски актер изврши самоубиство

Бред Буфанда, кој ја толкуваше улогата на Феликс Тумбс во популарната американска серија „Veronica Mars“, изврши самоубиство на 34 – годишна возраст.„Потполно сме скршени. Беше исклучително талентиран млад актер и прекрасно човечко суштество“, изјави неговата менаџерка Кирстен Солем во официјалното соопштение за јавноста.
Работеше на оживување на кариерата и само што заврши со снимање на два филма. Потполно сме шокирани и тажни поради неговата смрт. Семејството бара приватност во овие тешки моменти“, додава таа во соопштението.
Според полициските извшетаи, Буфанда извршил самоубиство со скок од зграда.
Буфанда својата актерска кариера ја започнал уште како дете појавувајќи се во бројни серии и филмови како „Roseanne“, „Hangin’ with Mr. Cooper“, „CSI: Miami“ и други.
Меѓутоа, неговата улога Феликс во „Veronica Mars“ потполно ја оживеа неговата кариера.
Продуцентот на оваа серија Роб Томас на Twitter напиша дека оваа вест му го скршила срцето.„Потполно сме скршени. Беше исклучително талентиран млад актер и прекрасно човечко суштество“, изјави неговата менаџерка Кирстен Солем

Пронајдете не на следниве мрежи: