Познат неврохирург најсериозен кандидат за министер за здравство

Познат скопски неврохирург е најсериозниот кандидат за нов министер за здравство и тоа од редовите на СДСМ, дознава Алфа од доброупатени извори.По повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, кој премина во градоначалничка фотеља во Гостивар, овој исклучително важен министесрки кабинет остана испразнет, што пак, предизвика тивка војна меѓу владините коалициони партнери.
Официјално, се уште нема никаков договор, а од партијата на Зијадин Села велат дека не се откажуваат од овој за нив посакуван ресор. Сепак, свесни дека и кај социјалдемократите постои сериозно расположение да стават свој кадар во Здравство, Села и неговите партиски другари се подготвени да отстапат доколку за возврат им биде понудено министерско место во Образование, Транспорт или Труд и социјална политика.
Дека до промени во Владата ќе дојде е извесно,  а тоа го најави и премиерот Зоран Заев на централниот одбор на неговата партија. Тој пред сопартијците информирал дека веќе се водат разговори со коалициските партнери и најавил конечни одлуки до крајот на овој месец.
– Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место и да го пополниме испразнетото министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир – порача Заев.
По локалните избори останаа празни вкупно три министерски позиции околу кои коалиционите партнери со тесно парламентарно мнозинство ги кршат копјата. Тоа, заедно со често грубите меѓусебни обвинувања на ДУИ и Алијансата за Албанците предизвикува турбуленции во коалицијата, која практично е на стаклени нозе. Дали партиските лидери ќе пронајдат решенија за се поголемите несогласувања останува да се види.По повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, кој премина во градоначалничка фотеља во Гостивар, овој исклучително важен министеср

Пронајдете не на следниве мрежи: