Позната актерка проговори јавно дека била сексуално злоставувана

Британската актерка Саманта Мортон решила отворено да проговори  за тоа како во тинејџерските години била сексуално злоставувана. Саманта, која два пати е номинирана за Оскар, вели дека била злоставувана во дом за незгрижени деца, каде завршила бидејќи нејзиниот татко, кој добил старателство  над незе, бил агресивен. Саманта тврди дека овој проблем е многу почест  отколку што сме свесни.Неодамна во Велика Британија изби скандал, кога беше откриено дека околу 1.400  деца од градот Ротерм претрпеле сексуално злоставување во изминатите 16 години. Славната актерка тоа ја потресло, и и ги разбудило болните спомени од детството.
Саманта во интервју за „Гардијан“ признала дека и таа се соочила со сексуално злоставување, и дека е тоа проблем кој тешко може да се искорени бидејќи доаѓа „од врвот“.
„Дали некому му дадов дозвола да ме допре: Дали некому му дадов дозвола да ми го направи тоа?  Не. Покрај тоа, јас сум дете, па и не разбирам што ми се случува, додека не пораснам и не почнам  да рефлектирам“, ја започнува својата исповест Саманта.
Таа вели дека работниците во домот ја злоставувале, но дека тоа не било прв пат некој сексуално да ја злоставува, имало и други луѓе. Но, посебно е загрижувачки фактот што тоа го прават луѓето на кои работата им е да се грижат за напуштените деца, а Саманта тврди дека тоа  често го прават и луѓе кои се на високи позиции.

И покрај се, Саманта успеала да го задржи позитивниот став. Таа тврди дека некои од работниците биле прекрасни кон нејзе, и дека ја поддржувале и и помогнале да постигне некои од своите цели. Иако понекогаш чувствува последици од се што преживеала, вели дека се труди да помине преку тоа.
„Не живеам постојано со трауми, но мислам кога сексуално ќе ве нападнат, тоа претставува доживотна казна, и останува со зас засекогаш. Но, можете да закрепнете, можете да пронајдете начини да се засакате себе си и да се обидтете да им помогнете на другите“, вели актерката.

 Неодамна во Велика Британија изби скандал, кога беше откриено дека околу 1.400  деца од градот Ротерм претрпеле сексуално злоставување во изми

Пронајдете не на следниве мрежи: