Српската пејачка Мира Шкориќ одлучила повторно да застане на лудиот камен. Пејачката како што пишуваат српските медиуми, ќе се омажи за богат Германец. Пејачката и две години постариот бизнисмен од Берлин се запознале пред шест месеци на еден прием каде таа се појавила како специјален гостин. Набрзо потоа започнале врска која се обидуваат да ја чуваат далеку од очите на јавноста.
-Мира е конечно среќна и заљубена. Можеби на луѓето ќе им звучи чудно, но откако е во врска со него, таа е друга жена. Последните 10 години тој често доаѓал во Србија и малку го разбира јазикот. Во прашање е вистински господин, има дете и еден брак зад себе, кој не сака да се експонира во јавност, што на Мира секако и одговара, вели добро упатен извор.
Тој открива и дека Мира е на чекор до брак.
-Германецот е сериозен човек кој не сака авантури и забави. Мира му се допаднала на прв поглед, а неодамна ја запросил. Таа прифатила и го носи вереничкиот прстен. Ако се биде како што треба, ќе се венчаат на пролет идната година, но во тајност. Ниту еден од нив двајца не сака да се прави врева и спектакл околу тоа. Ќе приредат свечен ручек во еден познат ресторан за најблискиот круг на луѓе, вели изворот.
Тој додава дека бизнисменот ја поддржува пејачката во се, а особено е воодушевен со нејзиното учество во ТЛЗП.
-Нејзиниот вереник во една прилика учествуваше и на снимањето, но никој не ни можеше да претпостави дека тоа е нејизниот иден сопруг, додава изворот.
Во обид медиумите да добијат потврда од неа, ја контактирале на што таа низ смеа порачала дека за својот приватен живот не сака да коментира. Пејачката и две години постариот бизнисмен од Берлин се запознале пред шест месеци на еден прием каде таа се појавила како специјален гостин. Набрз



