Познатата бароница изврши самоубиство, на децата не им остави ништо

Британската бароница Вероника Лакан, која изврши самоубиство, на своите деца не им остави ниту фунта, затоа што, според неа, тие „немаат ниту манири, ниту почит”.Бароницата се убила со коктел од алкохол и лекови, а во тестаментот целиот свој имот го остави на хуманитарното здружението „Шелтер”, кое се грижат за британските бездомници.
Лакан се убила бидејќи боледува од Паркинсонова болест. Во 1963 година се омажила за лордот Ричард Џон Бингам Лакан и со него има две ќерки – Френсис и Камила, како и син Џорџ. Таа со години не контактирала со децата.
Децата сепак, во изјави за медиумите по смртта на нивната мајка, имаа убави зборови за неа.
– На нашата мајка ќе се сеќаваме со љубов и восхит. Имаше остар ум и беше изразито речита. Во некои моменти претеруваше, но имаше необична смисла за хумор, напишаа тие во официјалното соопштение.
Нејзиниот брак со баронот е опишуван како „траорно несреќен”, оти тој бил професионален коцкар, кој обожавал авто-трки, а бил склон и кон насилство.Бароницата се убила со коктел од алкохол и лекови, а во тестаментот целиот свој имот го остави на хуманитарното здружението „Шелтер”, к

Пронајдете не на следниве мрежи: