Стабс, почесен градоначалник на градот Талкетна на Алјаска угина на 21. година од животот. Семејството од лидерот се прости преку официјално соопштение.Тој беше храбар до последниот ден од животот. Мјаукаше кога сакаше да се мази или ни доаѓаше во кревет и со часови предеше, се вели во соопштението.
Градоначалникот Стабс заспал во четвртокот и повеќе не се разбудил.
Талкетна, гратче со 900 жители го избра жолтото маче за свој лидер во 1998 година и тој набрзо стана туристичка атракција во тоа место, кое нема човек градоначалник.
Тој преживеа напад на куче во 2013 година и лажни извештаи за неговата смрт минатата година. Сепак кон крајот на 2016 година повеќе немал сили да го поминува времето во продавницата, како што вообичаено правел и морал да остане во куќата.Тој беше храбар до последниот ден од животот. Мјаукаше кога сакаше да се мази или ни доаѓаше во кревет и со часови предеше, се вели во соопштението