Тајра Бенкс во новата книга признала дека нејзиниот изглед не е сосема природен бидејќи на почетокот од кариерата го оперирала носот.
Поранешниот супермодел Тајра Бенкс во новата книга „Перфектното е досадно“ открила еден детаљ за својата убавина, кој успешно го криела повеќе од 25 години.
Таа признала дека нејзиниот изглед не е сосема природен како што многумина со години мислеа, бидејќи на почетокот од својата кариера извршила корекција на носот.
-Имав коски во носот кои ми пречеа и ми создаваа проблеми, и признавам, бев да го оперирам носот. Не можев да дишам и тоа го средив, а кога веќе бев на истата операција го намалив и носот. Имам и лажна коса. Еве, признавам, вели Тајра за „Пипл“.
Екс моделката вели дека натписите дека ги зголемила градите се лажни. Бенкс демантира и дека одела на третмани за подмладување, но не ги осудува жените кои тоа го прават
Тајра (44) својата кариера како манекенка ја започна кога имаше 15 години.Поранешниот супермодел Тајра Бенкс во новата книга „Перфектното е досадно“ открила еден детаљ за својата убавина, кој успешно го криела



