Познатата спиритуалистка Тереса Капуто се враќа на ТЛЦ со нова сезона

Шеста сезона на ,,Медиум од Лонг Ајленд” на TLC
27 Септември|21 часот | TLC каналСпиритуалистката Тереса Капуто и нејзиното семејство се враќаат на ТЛЦ од 27 септември со нова, шеста сезона на серијалот ,,Медиум од Лонг Ајленд”
За услугите на Тереса, за кои се чека повеќе од две години, многу скептици ги има замолчено откако им овозможила комуникација со нивните сакани покојници. Но, додека Тереса е посветена на помагање на други семејства да пронајдат мир, на нејзиното семејство, посебно на нејзините деца понекогаш им смета нејзината немоќ да ја “исклучи” својата дарба.
Во шестата сезона Тереса и нејзиниот сопруг Лери го започнуваат славењето на нивната 25 годишнина од брак во ресторанот во кој пред 30 години за прв пат биле на состанок. Таа ќе прави бројни сеанси, ќе им даде на луѓето одговори на нивните прашања но и ќе открие изненадувачки работи и за своите претци.
Проследете ја првата епизода во недела во 21 часот и секоја нова епизода во истиот термин.
Спиритуалистката Тереса Капуто и нејзиното семејство се враќаат на ТЛЦ од 27 септември со нова, шеста сезона на серијалот ,,Медиум од Лонг Ајленд&r

Пронајдете не на следниве мрежи: