Истрагата околу смртта на Ибрахим Кевљанин (62) на кого со Мерцедес во петок 3 ноември околу 14 часот налета познатиот пејач Тони Цетински, се уште е обвиена со тајна.Обвинителството потсетило дека наодите се тајни, но како што се дознава со обдукцијата, изјавите на сведоците и вештачењето дефинитивнпо е утврдено дека Кевљанин лежел на патот во моментот кога Цетински налетал на него, со левото предно тркало му поминал преку надлактицата на едната рака, што предизвикало уште некои подливи, кои наводно сами по себе не биле смртоносни.
Според неслужбените информации во понеделник треба да бидат завршени некои токсиколошки вештачења, кои треба да бидат доставени на обвинителството.
После несреќата која предизвика голем интерес на медиумите и јавноста, полицијата дури побарала да се провери дали во моментот на несреќата Цетински разговарал или евентуално пишувал СМС пораки, односно сите релеватни податоци за неговиот мобилен, кои на полицијата би можеле да и бидат од корист за истрагата.Обвинителството потсетило дека наодите се тајни, но како што се дознава со обдукцијата, изјавите на сведоците и вештачењето дефинитивнпо е утврдено