Откако Норвешка загуби во полуфиналето од Германија на ЕП во Послка, вратите на македонските ракометари за квалификацискиот турнир кој ќе носи пласман на Олимпијадата во Рио се отворени, а познати се и противниците кои ќе ни се спротивстават во остварувањето на олимпискиот сон.Условот Норвешка да не биде шампион на ЕП во Полска е веќе исполнет. Денеска од 19 часот се игра финалниот натпревар во Африканското првенство,Египет и Тунис се во финалето, победникот оди директно на Олимпијада, а поразениот ќе биде сместен во групата на Македонија.
Тунижаните предводени од ракометарот на Барселона, Ваел Жалуз се благи фавороти во финалниот меч.
Покрај Македонија и африканскиот противник, во нашата група се уште иЧиле и Полска. Трите квалификациски турнири ќе се одржат на почетокот на април 2016 година и првите две екипи од секој од нив ќе се пласира на ОИ, што значи дека шансите на нашите ракометари се реални и остварливи.
Квалификацискиот турнир ќе се одигра во април, а најверојатно Полска ќе биде домаќин.Условот Норвешка да не биде шампион на ЕП во Полска е веќе исполнет. Денеска од 19 часот се игра финалниот натпревар во Африканското првенство,