Во рамките на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“, ресторанот Дистрикт организира и Денови на француската кујна при кои ќе се презентираат богатиот француски вкус и префинетата француска гастрономија.Деновите на француската кујна се дел од глобалниот настан „Вкусот на Франција“ (Gout de France) во кој учествуваат преку 2000 ресторани од 150 земји, а Дистрикт бар и ресторан е единствениот ресторан во Македонија кој го поддржува ова големо случување. Деновите на француската кујна ќе траат од 21-ви до 26-ти март, а како специјален гостин вкусот на Франција ќе го претстави реномираниот готвач од Courtyard by Marriott Toulouse Airport, Оливер Бепмал.
Тој својата кулинарска експертиза ја носи почнувајќи уште од своите студентски денови, кога имал прилика да работи во ексклузивни ресторани закитени со престижните Мишелински ѕвезди. Пред да стане главен готвач во ресторанот на Мериот, имал привилегија да работи во еден од најпознатите ресторани во Тулуз награден со 2 Мишелински ѕвезди – Les Jardins de l'Opera.
За време на деновите на француската кујна во Македонија, Бепмал ќе презентира специјално мени со традиционален француски аперитив, ладно и топло предјадење и ексклузивен десерт, кои ќе ги нагласат француската кулинарска традиција и култура.
„Огромна чест ми претставува што ќе бидам дел од овој настан во Македонија и што ќе имам прилика да придонесам во креирање на едно уникатно мени заедно со Питер Татар, главниот готвач на Скопје Мериот Хотел и Дистрикт ресторан. Инспирирани од традицијата, но и предизвиците на новото време, овие денови ќе понудиме изобилие од вкусови преточени во супи, стартери, главни јадења и десерти“, вели Оливер Бепмал.
„Не би сакал премногу да откривам, но на менито ќе се најдат богати крем супи, стартери во вид на паштети и солени колачи, а како главно јадење ќе понудиме морски риби, јагнешко, јунешко и месо од патка и други француски специјалитети збогатени со исклучителни гарнири“, додава Бепмал.
Француската кујна, како една од најбогатите и најелегантните во светот, несомнено е на пиедесталот на европската гастрономија. Развиена дури во 15-тиот век, веднаш се позиционира како една од водечките со најпрефинет вкус кој изобилува со состојки, вкусови, мириси, композиции и бои.
Сакајќи да го потенцира импозантниот придонес кој француската кујна го има кај многуте народи и светски готвачи, Деновите за презентација на вкусот на Франција ќе бидат свечено отворени на 21-ви март во Дистрикт бар и ресторан, каде посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја погледнат отворената кујна на ресторанот и да го запознаат специјалниот гостин Оливер Бепмал.
Деновите на француската кујна се организирани заедно со Францускиот институт во Скопје.Деновите на француската кујна се дел од глобалниот настан „Вкусот на Франција“ (Gout de France) во кој учествуваат преку 2000