Карл Бекер во втората претседателска дебата ги праша Доналд Трамп и Хилари Клинтон да кажат една позитивна работа која ја почитуваат еден кај друг.Токму тоа прашање на социјалните мрежи беше пофалено, бидејќи внесе грам позитивност во борбената трка и се издвои помеѓу обвинувањата и заканите кои кандидатите за претседател на САД ги упатуваат еден кон друг.
Karl Becker asked the question I've been wanting to ask all election.”Name one positive thing you respect in one another.” #debate pic.twitter.com/yDUVxVbo1r
— Branden Harvey (@BrandenHarvey) October 10, 2016
Хилари Клинтон рекла дека ги почитува децата на Доналд Трамп.
„Многу се способни и посветени и мислам дека тоа доста говори за него. Не се сложувам скоро со ништо што вели тој, но ги почитувам неговите деца. Како мајка и баба, тоа ми е многу важно“ – навела Хилари.
Доналд Трамп ѝ се заблагодарил на комплиментот за децата и додал:
„За нејзе ќе речам дека не се откажува и дека не крева раце, тоа го почитувам. Борец е, не се сложувам за многу работи за кои се бори, но се бори силно и тоа го сметам за добра особина“ – рекол Трамп.Токму тоа прашање на социјалните мрежи беше пофалено, бидејќи внесе грам позитивност во борбената трка и се издвои помеѓу обвинувањата и заканите к