20 часот навечер. Вечеравте пред два часа, се подготвувате за спиење, но вашиот мозок и желудник ви велат да свратите во кујната. Овој проблем ги мачи скоро сите луѓе кои сакаат да ослабат – дали е подобро да изедете некој мал оброк или да си легнете со празен стомак?Еден од најпопуларните фитнес митови вели дека ќе се ослобите од вишокот килограми доколку ги прескокнете вечерните оброци. Тоа секако, не е вистина. Оброкот пред спиење нема да ве здебели, се додека не го надминете бројот на потребни дбенвни калории.
Но, експертите сепак не препорачуваат пакет кекси пред спеиење. Храната може да му нашети на сонот, па ќе се разбудите поради дигестивни проблеми или болка во стомакот, а често се случува да се најадете толку многу навечер, што го прескокнувате појадокот, и така му создавате стрес на метаболизмот.
Немојте да игладнувате и немојте да легнувате со празен стомак. Доколку секогаш чувствувате глад неколку часа по вечерата, следниот пат изедете повеќе. Потрудете се вечерата да биде урамнотежен оброк кој вклучува протеини, влакна, јаглехидрати, здрави масти и многу зеленчук. Добра навика е да подготвувате здрави грицки и да ги имате при рака секогаш кога ќе почувствувате глад во доцните вечерни часови .Еден од најпопуларните фитнес митови вели дека ќе се ослобите од вишокот килограми доколку ги прескокнете вечерните оброци.
Пронајдете не на следниве мрежи:


