ПРАШАЊЕ ШТО ГО ОТРЕЗНИ СВЕТОТ: „Бевте Шарли, бевте Париз. Дали ќе бидете Анкара?“

Британецот Џејмс Тејлор, клавијатурист којшто живее во Анкара, го запраша светот дали ќе „биде Анкара“ по последниот терористички напад.Во експлозијата што се случи во самиот центар на турската престолнина страдаа 37 лица, а преку стотина се здобија со повреди.
„Ова е исто како да експлодира бомба на Пикадили во Лондон… Дали може да замислите дека сте биле таму? Дали може да замислите експлозија на местото покрај кое поминувате секој ден, на автобуска станица, на улиците коишто ги преминувате?“ – запрашал Тејлор.
Неговата објава на Фејсбук ја споделија повеќе од 67.000 корисници.
„За разлика од постоечкото мислење, Турција не е Блискиот Исток. Анкара не е воена зона. Тоа е нормален модерен град како и било која друга европска престолнина, а Кизилај е апсолутното срце на градот.“ – објаснува Тејлор.
Додава дека е многу лесно да се почувствува болка поради жртвите во нападите во Лондон, Њујорк, Париз…
„Зошто тоа не е случајот со Анкара? Дали е тоа така затоа што не сфаќате дека Анкара не се разликува според ништо од било кој друг град? Бевте Шарли, бевте Париз, дали ќе бидете Анкара?“ – запрашал Тејлор.
Во неделата се случи третиот терористички напад во Анкара од октомври 2015 година, кога преку сто лица настрадаа при експлозија што се случи на еден мирен протест.
 

For those who do not know Turkey, or who distance themselves from these attacks, maybe this will open your eyes.The…
Posted by James Taylor on Sunday, March 13, 2016

Во експлозијата што се случи во самиот центар на турската престолнина страдаа 37 лица, а преку стотина се здобија со повреди.
„Ова е

Пронајдете не на следниве мрежи: