четврток, 26 ноември 2026
Најново

Пратениците ги изгласаа Законите од Пржино

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на Република Македонија во рамки на 113. седница вчера ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапкаОвие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.
Предлагачи на законите беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Илија Димовски и Горан Сугарески, заменик -координаторот на пратеничката група на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот Артан Груби од ДУИ.
Во расправата дел од пратениците обвинија дека некои од предложените законски решенија се противуставни, оти во разговорите не се почитувал ниту еден принцип и се урнисале инситуциите.Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на

Поврзани вести