Собранието на Република Македонија во рамките на денешната работа по дневниот ред на 92-та седница ги именуваше Ракип Малоски за претседател, Катерина Димеска, Илија Китаноски, Љубинка Корабоска и Башким Алили за членови на Регулаторната комисија за домување.
Собранието едногласно ја ратификуваше Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД).
Едногласно беше ратификувана и Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со која се предвидува граѓаните да можат да ја преминуваат границата само со биометриска лична карта за престој до 90 дена.
Собранието го ратификува и Договорот меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување со кој се овозможува на граѓаните од двете држави да можат да ги остваруваат правата од инвалидско и социјално и здравствено осигурување и да не плаќаат двојно осигурување.
Пратениците без расправа ги донесоа и измените и дополнувањата на законите запрекурзори, за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, за санитарната и здравствената инспекција, за хемикалии, за јавно здравје, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за здравствено осигурување, за здравствена заштита, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, за заштита на населението од заразни болести, со кои се врши усогласување на одредбите со ново донесениот Законот за општата управна постапка.
Собранието ги усвои и измените и доплнувањата на Законот за лизинг по скратена постапка со кои се овозможува слобода на избор на договорените страни кој ќе го врши запишувањето во посебниот регистар.
Со измените се предвидува барањето за регистрацијата на предметот на лизинг во посебниот регистар во Централниот регистар, освен давателот на лизинг, да може да го врши и корисникот на лизинг или нотарот. Исто така, барање за запишување на секоја промена во договорот за лизинг како и барањето за бришење на предметот од посебниот регистар во Централниот регистар, освен давателот на лизинг, да може да го врши и корисникот на лизинг, а субјектот кој ќе врши запишување да се определи во договорот за лизинг.
Пратенците во рамките на денешната седница со 64 гласа „за“ и 11 „против“ го донесоа и доплнетиот закон за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести со кој се уредува основањето, организацијата, делокругот на работа, начинот на вршење на работата и раководење со Јавната здравствена установа Универзитетската клиника за трансплантација на органи и ткива и хируршки болести, како центар за извонредност во кој се врши трансплантација и напредни хируршки интервенции. Со законот се уредуваат специфичностите во правата, обврските и одговорностите на вработените, вработувањето, стручното усовршување и оспособување, наградите и признанијата, како и финансирањето на Јавната здравствена установа.
Собранието едногласно ја ратификуваше Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за