Пратениците од редовите на СДСМ не работат, но ги користат сите бенефиции

Пратениците од редовите на СДСМ не работат, но ги користат сите бенефиции кои следуваат со таа функција.Зоран Заев го замрзна учеството на опозициските пратеници во Парламентот, но тие и натаму земаат висока пратеничка плата од џебот на македонските граѓани. За неработа, освен што земаат пари, социјалдемократите го користат и пратеничкиот имунитет.
Така, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, која вчера беше дел од насилните протести на кои се навредуваше и напаѓаше македонската полиција, одлучи во таков момент да си го искористи пратеничкиот имунитет, што е скандалозно.
Димова од страна на полицијата синоќа била сопрена во близина на Зелениот пазар додека управувала товарно возило. Униформираните полициски службеници констатирале дека Димова сторила два прекршока по Законот за сообраќај и еден прекршок по Законот за јавен ред и мир.
-Ми побараа документи, ја покажав пратеничката легитимација. Ме прашаа дали се повикувам на пратеничкиот имунитет, реков ДА, призна вчера Димова.
Истата се повикала на пратеничкиот имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби да го отвори комбето за да се изврши претрес. За да се заштити од санкции Лидија Димова на помош ги повикала и хулиганите задолжени за насилство на протестите на СДСМ да испровоцираат инциденти и судири со полицијата.
За разлика од Лидија Димова, предводниците на насилната толпа не можеле да се повикаат на никаков имунитет. Така уште еднаш, функционерите на СДСМ се заштитија само самите себеси, а луѓето кои во нивно име дивеат низ улиците ги оставија на цедило.Зоран Заев го замрзна учеството на опозициските пратеници во Парламентот, но тие и натаму земаат висока пратеничка плата од џебот на македонските г

Пронајдете не на следниве мрежи: