Народно движење за Македонија ги подржува отворените апели на Демокатскиот сојуз и на Демократска обнова на Македонија целата држава да биде една изборна единица.Истовремено, НДМ ги повикува ДС и ДОМ, наместо апели земјата да биде една изборна единица, да им укажат на своите лидери Павле Трајанов и Лилјана Поповска како пратеници да си ја вршат работата за која се платени со народни пари.
Оттука, НДМ е во обврска да им ја освежи меморијата на пратениците Трајанов и Поповска, кои, очигледно заборавиле дека идејата за една изборна единица е веќе официјализирана во Собранието од страна на НДМ.
Да потсетиме, НДМ на 22.07.2010, согласно член 71 став 2 од Уставот на РМ му достави на Собранието еден амандман на Деловникот за работа на Собранието со кој бараме и вонпарламентарните партии да можат да постават прашања на носителите на јавни функции, како и пратениците со поставување на пратенички прашњања, и три амандмани на Изборниот законик, и во овој контекст, со првиот амандман бараме територијата на РМ да биде една изборна единица.
Притоа ја изразивме нашата согласност, иницијативата во свое име да ја процесуира пратеничка група или било кој партеник кои согласно Уставот се овластени предлагачи.
Во овој контекст, претседателот на Собранието Трајко Вељановски повратно не информираше дека врз основа на член 133 став 2 од Деловникот на Собранието, нашата иницијатива е доставена до сите пратеници, меѓутоа, истата до денешен ден е закочена во пратеничките фиоки, меѓу кои, и фиоките на Трајанов и Поповска.
Оттука, ги повикуваме пратенците Трајанов и Поповска како овластени предлагачи, најпосле да ја стават на дневен ред иницијативата на НДМ и на тој начин да покажат дека имаат искрени намери во заложбите државата да биде една избрна единица.Истовремено, НДМ ги повикува ДС и ДОМ, наместо апели земјата да биде една изборна единица, да им укажат на своите лидери Павле Трајанов и Лилј