Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог кој потекнува од страна на Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно договорот од Пржино, се вели во денешната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.Никакво ново договарање, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ.
Би сакале да ги повториме барањата до госпоѓата Катица Јанева јавно да се извини на граѓаните, пратениците и Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом за упатените навреди и оспорувањето на легитимитетот и за нестручното, непрофесионално, неодговорно, дрско и арогантно однесување во Собранието.
Дополнително, повторно ќе ја потсетиме госпоѓата Јанева дека, ниту таа, ниту било кој друг функционер именуван од страна на пратениците немаат право да кријат и да одбиваат да одговорат каде и за кои цели ги трошат парите кои што граѓаните преку нас пратениците им ги овозможуваат за својата работа. Катица Јанева е должна да даде финансиски извештај каде ги троши парите на граѓаните.
После низата преседани кои што Катица Јанева ги направи во Собранието на Република Македонија, ние пратениците како и сите граѓани на Република Македонија сакаме да знаеме каде се потрошени 60 000 000 денари за кои што недостасуваат информации во таканаречениот извештај на СЈО и Катица јанева.
Повторно ја повикуваме госпоѓата Катица Јанева наместо да се однесува како дел од СДСМ, да се врати на комисиската расправа и да одговори на сите прашања за кои што се заинтересирани пратениците и македонската јавност.Никакво ново договарање, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката гр