Во интервју за грчко радио, тој изјави дека за него се прифатливи имињата како Северна Македонија или Славомакедонија, но дека не би ја отфрлил ниту можноста решението да биде едноставно Македонија.Бура од негативни реакции во грчката јавност по изјавата на пратеникот од редовите на Сириза, Макис Балаурас дека не би го отфлил предлогот решението на прашањето со името да биде едноставно Македонија
Во интервју за грчко радио, тој изјави дека за него се прифатливи имињата како Северна Македонија или Славомакедонија, но дека не би ја отфрлил ниту можноста решението да биде едноставно Македонија.
“Огромна бомба утринава фрли пратеникот на Сириза, Макис Балаурас, кој што рече дека нема проблем да го прифати називот Македонија за Скопје”, информира телевизијата Стар.
“Сензација предизвика изјавата на пратеникот на Сириза дека нема да ја отфрли можноста на Скопје да му го додели името Македонија. Неколку денови по тензијата со министерот за миграција Јанис Музалас, кој што по грешка Скопје го нарече Македонија, доаѓа и изјавата на Макис Балаурас од Сириза со која што дополнително се фрла масло во огинот”, коментира порталот NewsBeast.gr.
Од опозициската Нова Демократија го повикаа грчкиот премиер Алексис Ципрас да заземе јасна позиција во врска со оваа изјава која што ја потценувала националната линија за името.
“Но, постојат и многу други истакнати членови на Сириза, кои што дадоа исти па дури и полоши изјави. И сето тоа во период кога водиме клучни дипломатски битки”, се вели во соопштението на Нова Демократија.
Грчки владини извори пак, се дистанцираат од оваа изјава на Балаурас, нагласувајќи дека владината позиција за името на соседната земја е јасна и позната, а тоа е сложено име со географска одредница за вкупна употреба.
Бура од негативни реакции во грчката јавност по изјавата на пратеникот од редовите на Сириза, Макис Балаурас дека не би го отфлил предлогот решение