Пратеникот на СДСМ Богоевски со „весело“ друштво се заканувале и лумпувале во кафеана

Неполн месец на власт, а функционерите на СДСМ почнаа да си го покажуваат вистинското лице. Во саботата пред полноќ во делчевската кафеана „Антика“ Павле Богоевски во друштво со нивните делчевски сопартијци направиле вистински хаос, откако истите испиле по некој чаша алкохол почнале со викање и напади кон персоналот и музиката, создавајќи општ хаос, пишува порталот Журнал.нет.-Според очевидците, Богоевски ја наполнил масата со разни видови на јадења и разни алкохолни пијалоци, постојано порачувајќи уште. Друштвото почнало да пие, а откако испиле по некоја чашка алкохол, почнале со навреди и довикување кон гостите во кафеаната, музиката и персоналот, на ова реагирале од персоналот кои стравувајќи од поголем инцидент, ги замолиле да се смират, на што уследила реакција „ние сме сега власт, што сакаме ќе правиме“, пишува Журнал.
Ситуацијата станувала се потензична, а некој од останатите гости во кафеаната почнале да ја напуштаат кафеаната.

-Ситуацијата кулминирала кога од непознати причини некој од масата на Богоевски почнал да мава со виљушки и ножеви по околните маси и персоналот. Целиот персонал морал да интервенира за ситуацијата да дојде во нормала, по што набргу Богоевски и другарите си заминале, пишува порталот.
Дополнително, Богоевски се сликал и објавил фотографија на својот профил со порака: Нека пукнат душманите
-Настанот на големо се раскажува помеѓу делчевчани кои се погласно велат еве го дојде животот, сега се тепаат и кршат по кафеани, утре кој знае што ќе направат. Гневот кај граѓаните е очевиден кои се револтирани од распашаниот однос на социјалдемократите, кои во првиот месец на власт веќе  почнаа да си го покажуваат вистинското лице, пишува Журнал.-Според очевидците, Богоевски ја наполнил масата со разни видови на јадења и разни алкохолни пијалоци, постојано порачувајќи уште. Друштвото почнал

Пронајдете не на следниве мрежи: