Пратете му „жешки“ пораки на партнерот, но бидете внимателни…

Секако дека разменувањето „жешки“ пораки може да ја разбие монотонијата во врската, но морате да бидете внимателни, за да не претерате, или во занес да ја пратите пораката на погрешна адреса.Истражувањата кои ги спровела копнаија за произвоство на секс играчки, покажуваат дека 38% од мажите и 32% од жените  преку ваквите пораки ја враќаат страста во врската. Ние ви претставуваме совети  за тоа како успешно да размените секси пораки со партнерот
Почнете полека
Сексуалните терапевти советуваат да му кажете на партнерот што би сакале во тој момент да правите или што би сакале од него. Добар почеток би било: „Не можам да престанам да мислам на тебе. Би сакала да ги почувствувам твоите усни на себе“. Тоа ќе го заскокотка и едвај ќе дочека да ве види.
Разбудете ја неговата фантазија
Морате да внесете доза таинственост , бидејќи доколку откриете се на почеток партнерот нема да има на што  да се радува. Дајте му до знаење, да речеме, дека носите нешто чипкано и црвено, а отанатото нека биде дел од неговата фантазија.

Одговорете му на пораката со „жежок“  тон
При секое допишување важна е повратната информација, а поготово овде. Можете да му одговорите дека ве  возбудува и дека не можете да издржите повеќе без него.
Внимателно со фотографиите
Визуелниот стимуланс е нешто што секој маж го посакува. Избегнувајте фотографии на кои ви се гледа лицето бидејќи никогаш не знаете каде тие  може да завршат. Можете да ја сликате облеката која ја носите или потпетиците кои мислите дека би сакал да ги облечете.Истражувањата кои ги спровела копнаија за произвоство на секс играчки, покажуваат дека 38% од мажите и 32% од жените  преку ваквите пораки ја

Пронајдете не на следниве мрежи: