Научниците од центарот за истражување во Вирџинија откриле материја од фосил од која се прави алкохолен пијалак со сладок вкус, кој најмногу потсетува на белгиското пиво. Џејсон Озборн и Џејсон Ејкербум се пар научници кои успеале да го произведат најнеобичното пиво, користејќи материја издвоена од кит кој е стар 35 милиони години.
Овие научници откриле дека од површината на овој фосил може да се издвои квасец и направиле производ со назив „Bone Dusters Paleo Ale“.
За време на посетата на музејот во Мериленд тие земале примероци од разни фосили, но резултатите биле разочарувачки, бидејќи секој примерок бил полн со бактерии. Сепак, коската на китот го содржела сето она што тие го барале.
Научниците одлучиле дел од профитот да го донираат во фондот кој ги опремува сиромашните училишта со научна опрема.Џејсон Озборн и Џејсон Ејкербум се пар научници кои успеале да го произведат најнеобичното пиво, користејќи материја издвоена од кит кој е стар 35