Правела селфи, а позади нејзе вистинска трагедија

Туристка од Русија уживаше во капењето, но не навестуваше дека на неколку метри од неа се одвива вистински хорор.На еден од најегзотичните места во светот кое стана едно од главните одморалишта за туристи, водопадите Макензи во Австралија, Анека Бадинг сакала да го овековечи моментот на идила не насетувајќи дека токму тој момент ќе ја прогонува цел живот.
Насмевката и уживањето набрзо беа заменети со панкја, бидејќи Анека по селфито во позадина забележа општ метеж.
-Слушнав вресок. Кога се завртев, по движењето на момчињата од карпата, помислив дека има некое опасно животно во водата. Тогаш некоја девојка ми го зеде селфи стапот од рака за да му помогне на несреќното момче што се давеше во вода, рече таа.
Се утврди дека еден 28-годишен Тајванец се лизнал од карпата и паднал во вода. Притисокот бил премногу силен за да изнурка и да излезе на површината.
И покрај надчовечките напори на сите околу неа, туристката неколку секунди подоцна стана свесна дека покрај својот најубав момент во вода овековечи и хорор сцена.
На момчето му немаше спас, а младата туристка се согласи својата снимка да ја даде во локалната полиција.
 
На еден од најегзотичните места во светот кое стана едно од главните одморалишта за туристи, водопадите Макензи во Австралија, Анека Бадинг сакала

Пронајдете не на следниве мрежи: