Не дозволуајте да згаснат страстите!Не грижете се, им се случува и на најдобрите! Кога љубовта е свежа, не можеме да му се наситиме на партнерот. Но, по одредено време логично е таа заинтересираност да опадне и затоа неопходно е да ги практикувате овие 4 ситници пред спиењето.
Одете во кревет во исто време: Паровите чувствуваат поврзаност кога се на исто место, во исто време. Одлуката да одите заедно во кревет ќе направи чувство на блискост меѓу вас, а кога сте веќе внатре, искористете ја совршената прилика за водење љубов.
Одвојте се од електрониката: Спалната соба нека биде свето место…Место на кое не постојат нотификации, и ништо друго освен вас двајца. На овој начин, блискоста меѓу вас ќе стане посилна. Наместо да муабетите за време на рекламите, разговарајте во кревет, држејќи се за раце со партнерот.
Започнете ја предиграта уште пред да влезете во собата: Предиграта е она што го прави сексот интересен. Од таа причина, започнете ја уште за време на утрото, за тој да има на што да се радува во текот на денот. Мала порака на фрижидерот или возбудлив повик во текот на денот? Опциите се бесконечни. Заинтригирајте го и дајте му до знаење што е тоа што го сакате.
Истражете што е она што му се допаѓа на вашиот партнер: Најдобра предигра е онаа каде започнувате за да го задоволите партнерот без очекувања на повратни реакции. Пружете му масажа за опуштање, која ќе ги разгори и страстите, а ќе ја зголеми и довербата меѓу вас. Немојте да мислите дека бакнежите за добра ноќ не се важни.Некои парови не можат да спијат гушнати, потребен им е простор, топло им е или едноставно не сакаат да го делат ќебето…Како и да е, никогаш не заборавајте на тој мал, сладок бакнеж што ќе го заокружи целиот ден.Не грижете се, им се случува и на најдобрите! Кога љубовта е свежа, не можеме да му се наситиме на партнерот. Но, по одредено време логично е таа з