Покрај тоа што ги избелува забите, еве за што друго може да послужи…Сите ја имаме дома, а многумина од нас ретко ја користат. Сепак, таа може да направи чуда за вашата коса и кожа.
Покрај тоа што ги избелува забите, еве за што друго може да послужи…
Пилинг
Доколку помешате сода бикарбона со малку вода, ќе добиете смеса која е одлична за пилинг на лицето. Со блага масажа ќе ги отстраните сите мртви клетки, а кожата ќе ви изгледа сјајно.
Отстранува наслаги
Додајте сода бикарбона во шампонот и добро истријте го коренот на косата. Со тоа ќе ги отстраните сите наслаги кои се наталожиле на косата. Исплакнете, а потоа нанесете малку кокосово масло. Особено е корисна ако користите повеќе препарати за нега на косата.
Исчистете ги четките
Не само што ги отстранува наслагите од косата, туку ги отстранува наслагите и од чешелите и четките. Се што ви е потребно е жешка вода и сода. Помешајте и потопете ги четките.
Ги омекнува кутикулите
Дали сте знаеле дека содата бикарбона ги омекнува кутикулите? Помешајте ја со вода и нанесете на кожичките и ноктите со четка од лак за нокти. Нежно протријте и ќе го решите проблемот со кутикулите.
Нега на стапалата
Жешка вода и сода бикарбона ќе направи чуда со вашите уморни стапала. Не само што ќе ја омекне кожата, туку и сосема ќе ве релаксира. Одлично е за домашен педикир.
Несакани брадавици
Експертите велат дека сода бикарбона во комбинација со лимонов сок ќе ги отстрани брадавиците. Помешајте ги и нанесете на брадавицата која сакате да ја отстраните. Оставете да се исуши и измијте со вода. Сите ја имаме дома, а многумина од нас ретко ја користат. Сепак, таа може да направи чуда за вашата коса и кожа.



