Правила со кои зимската облека и наредната сезона ќе БИДЕ КАКО НОВА!

Пред да се одлучите зимската гардероба да ја вратите во орманот, потребно е добро да ја подготвите за пролетно и летно „мирување“ за да остане свежа и долготрајна.Сезоната за пролетното чистење е во полн ек, што значи дека и гардеробата треба да дојде на ред.
Еве што треба да направите за правилно да ја сочувате гардеробата:
1. Капути и јакни
Испразнете ги џебовите. Капутите се препорачува да се однесат на хемиско чистење. Ставете ги на место на кое има повеќе простор или ставете ги во вреќи наменети за чување на облека. Не заборавајте да ставите средство против молци.
2. Ракавици, капи и шалови
Спарете ги ракавиците. Ако некои шалови и капи не сте ги носеле веќе две зими, тогаш е веројатно дека никогаш и нема да ги носите, па затоа тргнете ги од орманот. Исто така, не заборавајте да ги исперат ракавиците, капите и шаловите кои е можно да се исперат и пазете тие да бидат потполно суви пред да ги спакувате, за да не попримат мирис на мувла.
3. Чизми
Проверете дали на чизмите им треба поправка и ако треба однесете ги кај чевлар. За тие да го задржат обликот, наполнете ги со хартиена топка од весници или пластични вреќички. Ставете ги во кутиите со кои сте ги купиле, или во големи пластични садови.
4. Џемпери
Косата, вишокот волна и останатиот отпад што се собира на џемперите, отстранете ги со помош на мека четка. Џемперите и елеците немојте никогаш да ги ставате на закачалки, бидејќи така можат да се растегнат. Ставете ги во фиока, односно во вреќи за чување облека и во кои ќе ставите средство против молци.Сезоната за пролетното чистење е во полн ек, што значи дека и гардеробата треба да дојде на ред.
Еве што треба да направите за правилно да

Пронајдете не на следниве мрежи: