Правите ОГРОМНА ГРЕШКА ако не ги затворате очите по ставањето капки!

Земањето лекови во точно одредено време и на вистински начин воопшто не е лесно. Некои лекови мора да се испијат на празен стомак, други по јадење, додека некои не смеете да ги пиете со сок. Меѓутоа, во ова луѓето главно грешат и тоа може да има сериозни последици.Во извештај од 2009 година, кој го објавил Националниот институт за здравје и нега, кој бил ажуриран во март, се наведува дека половина од препишаните лекови не се земаат правилно, пренесува „Дејли мејл“.
Не ги затворате очите по ставањето капки
Најголемата грешка што ја прават луѓето е тоа што не ги затвораат очите откако ќе стават капки, вели професорката Франческа Кордеиро, консултант офталмолог.
„Притискање со прстот на внатрешниот канал на окото околу две минути е идеално – по ставање капки се затвора солзниот канал и така спречува течноста да дојде во грлото. Ако можете да ги почувствувате капките, значи дека се во вашето грло и тоа значи дека сте го изгубиле поголемиот дел од дозата“, вели таа.
Јадете храна со ибупрофен
Повеќето луѓе го пијат овој лек кога имаат главоболка или чувствуваат болки во градите. Советот е да се зема со храна, за да се спречи оштетување на желудникот.
Но, ова е грешка, смета гастроентерологот Ингвар Бјарнасон, бидејќи тогаш на лекот му се потребни 45 минути за да дејствува. „Ако земате лек за главоболка, сакате болката да исчезне што побрзо. Ако го земете на празен стомак, ќе го почувствувате дејството за 15 минути“, вели докторот.
Откако ќе ставите спреј во носот, несвесно го шмркнувате
Обично, луѓето откако ќе стават спреј во носот, несвесно го шмркнуваат. „На тој начин спрејот се повлекува во задната страна од грлото и практично го јадете. Ова е една од најчестите причини зошто спрејот не дејствува“, вели Софи Фарук, консултант за алергии. Таа вели дека треба правилно да дишете откако ќе вбризгате капки. Другата грешка што ја прават луѓето, е тоа што ја затвораат едната ноздра.Во извештај од 2009 година, кој го објавил Националниот институт за здравје и нега, кој бил ажуриран во март, се наведува дека половина од препишан

Пронајдете не на следниве мрежи: