Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и покрај гласните барања од пред неколку месеци сега се исплаши од можноста да излезе на избори и да се соочи со волјата на граѓаните.
Премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги извадија опозиционерите на површина сами да си признаат дека се плашат од предвремени парламентарни избори, а со самото тоа покажаа дека се плашат да се соочат со волјатана граѓаните, знаејќи дека доколку дојде до тоа тие повторно ќе се соочат со уште еден пораз, доколку се земе предвид катастрофалниот резултат на опозиицјата на локалните избори одржани пред само неколку месеци.
СДСМ се лизна на бананата од ВМРО-ДПМНЕ. Вака експертите и познавачите ги коментираат последните актуелни политички случувања во земјава. Професорот Димитар Мирчев смета дека ставот на СДСМ со одбивањето на избори е апсурден.
-Несфатлив е потегот на СДСМ за одбивање на предвремените избори. Тие не еднаш, не два пати, туку со години наназад се залагаат и бараат рани, предвремени, вонредни избори и кога тоа ќе им се понуди, тие ги одбиваат. Ова е апсурден став што го имаат СДСМ, вели професорот Мирчев за Курир.
Премиерот Никола Груевски на синоќешната прес-конференција покажа големина и ги стави државните пред партиските интереси. Тој рече дека тие се партија која 7 години ја добива довербата, дека ќе подметнат грб, бидејќи нив им е важен интересот на Македонија, за разлика од СДСМ, рече Груевски. Преку ставот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е подготвено за избори, но одлучи да одбегне проблеми за државата кои ќе произлезат од бојкото на СДСМ.
-Народот не е виновен што имаме ваква расштимана опозиција. Граѓаните ќе речат дека довербата ни ја дале нам, а не на СДСМ, па ние сме тие на кои им е доверена одлуката да ја штитат државата во вакви ситуации. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес за државата, да потпише Извештај на Ад-хок комисијата, каков што сака СДСМ. Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. За нас и за граѓаните тие правни квалификации не се она со што се согласуваме. Ние сме партија која 7 години ја добива довербата, ќе подметнеме грб. Ако неможат да се радуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на Извештајот. Препораките треба да се во функција да не се повтори она што се случи. Но нашиот став никогаш нема да го промениме, тој дел во извештајот ќе биде за нас невалиден. ВМРО секогаш во преден план го имал интересот за Македонија, а така и ќе остане, посочи премиерот.
Мирчев вели дека е изненаден од толкавата решителност на премиерот Груевски државните интереси да ги стави пред партиските.
-Премиерот Никола Груевски понуди неколку решенија. Лично сум изненаден од толкавата решителност негова држвните да ги стави пред партиските интереси и сето само во интерес нели, на земјата и граѓаните, смета Мирчев.
Правните квалификации ќе немаат тежина после изјавите на Груевски
Според познавачите, извештајот на Комисијата за настаните на 24-ти декември, после двете прес-конференции на Груевски губи на тежина и важност особено во делот на правните квалификации. Извештај за кој потписникот вели дека ниту го признава, ниту стои зад него, но го потпишува со цел да се задоволи формата и државата да не ја изгуби препораката за почеток на прговорите, нема ништо да му помогне на СДСМ.
Професорот Димитар Мирчев на прашањето каква тежина ќе имаат правните квалификаци ако се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ниту ги признава, ниту стои зад нив, но ќе ги потпише со цел да не се изгуби препорака, Мирчев вели:
– Таквата изјава и таквиот став на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да има последица ниту правна нити меѓународно позначајна. Се знае од кои причини и зошто е донесена толку таква одлука. Се на се тоа беше еден умен потег на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски кои најважно од сè се водеа од интересите на граѓаните.
Според познавачите на состојбата, СДСМ прво си поплука на барањата за предвремени парламентарни избори кои гласно ги бараше, потоа призна дека се плаши да излезе на избори и да се соочи со волјата на граѓаните, бидејќи таа е добро позната, за на крај да добие издевалвиран извештај, кој никој нема да го земе за сериозно во делот на правните квалификации, бидејќи потписникот вели дека ниту го признава, ниту стои зад него, туку ова го прави со цел да се заштитат државните интереси.
КурирПремиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги извадија опозиционерите на површина сами да си признаат дека се плашат од предвремени парлам