Празнична велигденска магија во Скопје!

Вашето омилено место за шопинг, дневни активности, семејни и пријателски дружби ќе се претвори во „ВЕЛИГДЕНСКИ СВЕТ“ каде ќе вибрира празнична радост. Скопје Сити Мол повторно ќе приреди незаборавни семејни мигови за најголемиот, христијански празник – Велигден.Атмосферата ќе ја красат инспиративни велигденски декорации и автентична домашна фарма со езерце со патки и други домашни животини кои се симбол на велигденското празнување. Жители на домашната фарма ќе бидат игриви зајчиња и шарени патки, кои дечињата ќе имаат можност да ги хранат и милуваат. Домашната фарма секогаш е катче на радост и смеа за најмалите посетители на Скопје Сити Мол, од каде ќе понесат најубави спомени.
Интересна е можностата децата да се запознаат со веселиот џиновски Зајко – маскотата на „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ и со него да се фотографираат во шарен, велигденски амбиент. Детските насмевки ќе се фотографираат секој ден од 10.00 до 22.00 часот на приземје, веднаш до домашната фарма. Посетителите ќе имаат прилика да го посетат и велигденскиот базар и да купат декорации со кои ќе го украсат домот, ќе придонесат за велигденска, семејна топлина и празнични моменти.

Скопје Сити Мол, заедно со „НВО Детски Свет – Нов Почеток“, се погрижи „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ да биде спој на креатива, забава и хуманост. Предвидени се детски креативни работилници, каде децата ќе бојадисуваат велигденски јајца и ќе изработуваат уникатни велигденски декорации кои потоа ќе бидат изложени. Детските креативни работилници се извонредна можност да се негува потребата на децата да бидат креативни и да се поттикне нивното чувство за поддршка и помагање на заедницата.
Посетителите ќе можат да си одберат од изложените декорации, со што ќе донираат за првиот call center за помош на лицата со попреченост во видот. Детските работилници, наменети за деца до 10 години, ќе се одвиваат секој викенд од 12:00 до 14:00 и од 18:00 до 20:00 часот на вториот кат.
Скопје Сити Мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарење, обезбедувајќи најдобар амбиент, најубави доживувања и најдобра грижа за своите потрошувачи, со посебен однос кон семејството и традицијата, празнувајќи заедно со сите свои пријатели.
За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк: www.skopjecitymall.mk/veligden
Атмосферата ќе ја красат инспиративни велигденски декорации и автентична домашна фарма со езерце со патки и други домашни животини кои се симбол на

Пронајдете не на следниве мрежи: