Пребројани се сите гласови: Резултатите на ДИК ги потврдуваат мандатите

Процесирани се гласачките ливчиња на сите 2.524 гласачки места од шесте македонски и една дијаспорска изборна единица, покажува интернет-страницата на Државната изборна комисија. Последното ажурирање на податоците од апликацијата беше денеска во 14:10 минути, при што е назначено дека гласовите се избројани и процесирани во 100 отсто од избирачките места.Ова се резултатите од Изборната единица 7:

Сепак, тие не влијаат на резултатот, бидејќи излезноста во дијаспората не беше доволна за овие гласови да се земат предвид.
Така, и според овие бројки, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува во водство во најголем број освоени гласови и мандати. Според електронската регистрација, владејачката партија има освоено вкупно 454.519 гласа, односно 38,14 проценти, додека за најголемата опозициска партија, за СДСМ, својот глас го дале вкупно 436.823 македонски граѓани, односно 36,65 проценти.
Кај албанските партии и натаму ДУИ има освоено најмногу гласови, односно 86.848, што е еднакво на 7,29 отсто освоени гласови. За движењето БЕСА својот глас го дале 57.933 граѓани, односно 4,86 отсто. ДПА, пак, е со многу послаб резултат, односно 31.027 освоени гласа, или 2,60 проценти.

Распоредот на кандидатите и натаму останува ист. ВМРО-ДПМНЕ води со 51 освоен мандат, СДСМ има 49 освоени мандати, ДУИ е на трето место со 10 освоени мандати. На четврто место е БЕСА со пет мандати, по што следува Алијансата за Албанците со три мандати и на крај е ДПА со два мандата.Ова се резултатите од Изборната единица 7:

Пронајдете не на следниве мрежи: