Прецизен еврејски хороскоп открива КОЛКУ години ќе живеете!

Иако еврејската астрологија има заеднички корени со источната и хеленистичката астрологија, таа сепак од нив значително се разликува.Пронајдете го својот знак и дознајте колку години ќе живеете, но каков ќе ви биде квалитетот на животот.
Tale – Овен (21.03 – 20.04)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: оган
Карактеристика: страст
Квалитет: доминантност
Мана: нетолерантност
Боја: црвена
Скапоцен камен: дијамант
Животен век: повеќе од 78 години
Личностите родени во овој знак се многу жестоки. Лесно се возбудуваат, па често немаат трпение и самоконтрола. Избувливи се и знаат да бидат груби, брзоплети и нетолерантни. Често избрзуваат со донесените одлуки. Во љубовта се љубоморни, но и полни со страст. Постојано бараат нови возбудувања. Жената родена во овој знак е елегантна, чесна, но и предизвикувачка, љубоморна и ја сака еротиката. Овој знак најмногу си одговара со вагите, стрелците, лавовите, а треба да ги избегнува јарците и раковите.
Им одговараат професии поврзани со спортот, индустријата, градежништвото и металургијата. Во работата се постојано напнати, но затоа се добри организатори, педантни се и одговорни. Друштвени се, иако потешко се снаоѓаат во колектив. Се мешаат во сè и ги бранат своите ставови. Имаат многу доблести; чесни се, искрени, верни, точни, храбри, големи патриоти се и секогаш се на страната на вистината. Но, од друга страна, ја потценуваат опасноста, еднострани се, суетни, нетактични и нетрпеливи. Лесно може да станат жртва на сопствените амбиции.
Šor – Бик (21.04 – 20.05)
Планета: Венера
Елемент: земја
Карактеристика: постојаност
Квалитет: чесност
Мана: алчност
Боја: зелена
Скапоцен камен: топаз
Животен век: повеќе од 74 години
Родените во овој знак се упорни и цврсто стојат на земја. Одлични се како организатори и реализатори. Доверливи се, отворени, чесни, храбри и толерантни. Ги сакаат природата и уметноста. Иако се нежни и емотивни, знаат да бидат и тврдоглави, горделиви и одмаздољубиви. Материјалисти се, уживаат во раскош и заради тоа се и мрзливи, бавни, па дури и посесивни и љубоморни. Во сè бараат сигурност. Кога ќе одлучат нешто, не ја менуваат одлуката.
Многу им се важни љубовта и сексот. Во љубовта се верни и имаат разбирање за партнерот. Се држат до своите принципи и ги почитуваат правилата. Одлично се снаоѓаат во економијата и финансиите. Знаат во што да инвестираат и да заработат, но затоа уживаат и во трошењето и купувањето. Може да успеат како посредници, инвеститори и градители, но имаат талент и за сите видови уметност.
Teomim – Близнаци (21.05 – 21.06)
Планета: Меркур
Елемент: светлина
Карактеристика: љубопитност
Квалитет: креативност
Мана: површност
Боја: зелена
Скапоцен камен: смарагд
Животен век: повеќе од 70 години
Претставниците на овој знак се снаодливи, интелигентни, креативни и динамични. Нивната креативност произлегува од вродената љубопитност. Дружељубиви се и комуникативни, дарежливи и духовити. Но, исто така се и нетрпеливи, нервозни и нестабилни. Живеат двоен живот и растргнати се меѓу желбите и можностите. Најдобро се чувствуваат кога дејствуваат на сите фронтови. По природа се немирни и постојано брзаат некаде.
Со партнерот остваруваат длабока врска која се темели повеќе на интелект, отколку на емоции. Нивниот љубовен живот е бурен заради честата промена на партнерите и заради постојаното флертување. Понекогаш имаат по две и повеќе врски. Во животот имаат многу познаници, но малку вистински пријатели. Ги сакаат парите, сакаат да патуваат и успешни се како трговци и слични динамични професии.

Sartan – Рак (22.06 – 22.07)
Небесно тело: Месечина
Елемент: вода
Карактеристика: трпеливост
Квалитет: приврзаност
Мана: недостапност
Боја: сребрена
Скапоцен камен: тиркиз
Животен век: повеќе од 80 години
Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни. Имаат смисла за уметност, романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи, суптилни и чувствителни. Знаат да бидат сонувачи, сомничави, егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници, делат совети и кажуваат добронамерни лаги. По природа се толерантни и попустливи. Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација.
Најмногу ги ценат домот и семејството. Тешко воспоставуваат блискост со непознати. Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни. Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат. Штедливи се и рационални, но не се себични. Им одговараат професии поврзани со трговија.
Arieh – Лав (23.07 – 23.08)
Небесно тело: Сонце
Елемент: оган
Карактеристика: доминантност
Квалитет: постојаност
Мана: сака да биде главен
Боја: златна
Скапоцен камен: сафир
Животен век: повеќе од 79 години
Родените во овој знак се привлечни, чесни, паметни, достоинствени, горди и елегантни. Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат. Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни. Приврзани се со пријателите и соработниците. Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите. Нарцисоидни се и егзибиционисти. Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд.
Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели. Уживаат во луксуз, гламур и комфор. Ги сакаат накитот, крзното и вредните антиквитети. Во работата се амбициозни, објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови. Партнерот го опсипуваат со љубов, но истовремено од него бараат покорност. Полни се со страст и нежност, но знаат да бидат и сомничави и љубоморни.
Betula – Девица (24.08 – 23.09)
Водечки планети: Марс, Плутон
Елемент: земја
Карактеристика: хуманост
Квалитети: точност и прецизност
Мана: ситничарење
Боја: црвена
Скапоцен камен: дијамант
Животен век: повеќе од 78 години
Претставниците на овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни. Го почитуваат редот, точни се, големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост. Секогаш се подготвени да им помогнат на другите. Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени. Инсистираат на хигиена и уреден живот.
Работата им оди подобро од љубовта. Го кријат чувствата заради што другите ги сметаат за ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална. Во љубовта се верни и немаат потреба од менување на партнерите.

Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)
Водечка планета: Венера
Елемент: светлина
Карактеристика: праведност
Квалитет: привлечност
Мана: неодлучност
Бои: сина и розова
Скапоцен камен: опал
Животен век: повеќе од 80 години
Припадниците на овој знак се добри и привлечни луѓе. Ведри се, друштвени, нежни и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина. Ја сакаат естетиката. Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се, исто така, и неодлучни, нестабилни, па дури и агресивни. Лесно се вознемируваат, ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите.
Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија, а нивните чувства се рафинирани. Потребно им е внимание. Не се расфрлаат со пари и доста се економични. Одлични се како адвокати, судии, трговци и актери.
Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)
Водечки планети: Марс, Плутон
Елемент: вода
Карактеристика: страст
Квалитет: постојаност
Мана: агресивност
Боја: црвена
Скапоцен камен: ахат
Животен век: повеќе од 80 години
Личностите родени во овој знак се храбри, бескомпромисни, енергични и паметни. Сериозни се, компетентни, верни, борбени и практични. Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста. Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни, ако е потребно. Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората, посесивноста и егоизмот. Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни. Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни.
Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство. Нивната цел е материјалното богатство. Одлични се во работите кои бараат реконструкција, реорганизација и нови решенија. Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти. Строги се и непопустливи спрема колегите.
Kešet – Стрелец (23.11 – 21.12)
Водечка планета: Јупитер
Елемент: оган
Карактеристика: интуитивност
Квалитет: слобода
Мана: преправање
Боја: виолетова
Скапоцен камен: аметист
Животен век: повеќе од 80 години
Родените во овој знак се интелигентни, луцидни, духовити, чесни, ведри и достојни за почит. Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа. Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации. Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти. Но припадниците на овој знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари. Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието. Тогаш се вистински ентузијасти и шармери.
Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода. Овие луѓе најчесто се спортисти или политичари.

Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)
Водечка планета: Сатурн
Елемент: земја
Карактеристика: затвореност
Квалитет: добродушност
Мана: себичност
Бои: темно сива, црна, кафеава
Скапоцен камен: хризолит
Животен век: повеќе од 80 години
Претставниците на овој знак се упорни, сериозни, реалисти со цврст карактер. По природа се затворени, имаат добар карактер, одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста. Педантни се, се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични, себични, неблагодарни и ладни. Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени.
Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца. Тешко се приврзуваат, но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат. Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција. Одлични се како градежници, банкари, информатичари, трговци.
Deli – Водолија (21.01 – 18.02)
Водечки планети: Уран, Сатурн
Елемент: воздух
Карактеристика: дружељубивост
Квалитет: независност
Мана: бунтовност
Бои: сина и тиркизна
Скапоцен камен: оникс
Животен век: повеќе од 81 години
Личностите родени во овој знак се хумани, горди, чесни и посветени на колективните интереси. Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа. Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата. Како пријатели се искрени и солидарни, подготвени да се жртвуваат. Лоши карактеристики на овој знак се користољубието, завидливоста и снобизмот. Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања. Тие се вистински борци за правда.
Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината. Во работата се практични и материјалисти. Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат. Можат да успеат како пронаоѓачи и банкари. Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сè друго, најважна им е слободата.
Dagim – Риби (19.02 – 20.03)
Водечки планети: Нептун, Јупитер
Елемент: вода
Карактеристика: романтичност
Квалитет: талент за уметност
Мана: злопаметење
Боја: виолетова
Скапоцен камен: јаспис
Животен век: повеќе од 83 години
Припадниците на овој знак се интуитивни, привлечни, емотивни и инстинктивни. Имаат дарба за уметност и мистицизам. Тие се пожртвувани борци за правда. Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти. Својата духовност ѝ ја пренесуваат на околината. По природа се нестабилни, променливи и плашливи. Брзо го менуваат расположението, неретко се посесивни, повлечени и површни. Шармантни се и друштвени, сакаат да ги забавуваат другите.
Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат. Не се материјалисти и повеќе го ценат духовното богатство.Пронајдете го својот знак и дознајте колку години ќе живеете, но каков ќе ви биде квалитетот на животот.
Tale – Овен (21.03 &

Пронајдете не на следниве мрежи: