Петра Пазситек од Брауншвајг, на север од Германија исчезнала во 1984 година, кога имала 24 години. Тогаш се мислело дека е убиена, дури е најден и виновникот, но денес 31 година подоцна, откриено е дека сепак е жива. Германката за кој се мислело дека е убиена, пронајдена е после 3 децении во Диселдорф со презиме Шнајдер. Пред две недели нејзината куќа била обиена па таа повикала полиција која го открила нејзиниот вистински идентитет.
– Веднаш призна дека живеела во разни градови под лажни имиња. А никогаш не вадела нова лична карта – велат од полицијата.
Петра исчезнала на 26. јули 1984 година. Според зборовите на нејзините пријатели, од работа си заминала во 3 часот попладне за да фати автобус до кај нејзините родители. Но, не стигнала кај нив.
Бидејќи година дена пред тоа девојче од 14 години било убиено во близина на таа станица, полицијата била убедена дека убиецот повторно нападнал.
Таа се појавила и во телевизиска емисија за нерешени случаи, но никој не се јавил со информација за тоа каде таа се наоѓа.
Кон крајот на март 1985, Гинтер К. (19) е уапсен и го признал убиството на тинејџерката која била убиена една година пред исчезнувањето на Петра, а во 1987 година признал дека ја убил и Петра. Петра тогаш била прогласена за мртва…
Сега одбива да зборува за своето исчезнување и единствено нешто што кажала пред полицијата е дека „не сакала да има ништо повеќе“ со своето семејство.
Германката за кој се мислело дека е убиена, пронајдена е после 3 децении во Диселдорф со презиме Шнајдер. Пред две недели нејзината куќа била обиен



