Црвена Ѕвезда во Србија, Ливерпул во Англија, Атлетико Мадрид во Шпанија, Јувентус во Италија, Бенфика во Португалија, Олимпијакос во Грција, Ајакс во Холандија, Базел во Швајцарија и Бриж во Белгија, сите беа шампиони во своите земји во 1973 година, а големи се шансите тоа да се повтори и сега.Дали европскиот фудбал повторно ја доживува 1973 година? Веројатно по ова ништо не ви е јасно, но ќе појасниме. Станува збор за црвено-белата европска пролет, а сега постои голема веројатност дека во десетте лиги во Европа, шампиони ќе станат истите тимови како и оние од пред 41 година.
Црвено-белите од Белград веќе шест години не ја почувствуваа сласта на освојувањето на шампионскиот пехар во Србија, а сега имаат големи шанси за тоа, бидејќи и понатаму имаат три бода предност во однос на Партизан, но и подобар меѓусебен скор, така што се блиску до остварувањето на долгогодишната цел.
Јорганџиите последен пат го кренаа шампионскиот пехар на Примерата во 1996 година. Сега под водството на Диего Симеоне, на црвено-белите од Мадрид им се потребни уште две победи во преостанатите три кола.
Најдолго од сите за титулата чекаат на „Енфилд“. Дури 24 години. Црвените во 1990 година последен пат го кренаа шампионскиот пехар и никогаш не триумфирале од основањето на денешната Премиер лига. До минатиот викенд изгледаше дека екипата на Брендон Роџерс без големи проблеми ќе го завршат својот поход, меѓутоа, поразот од Челзи им ги поремети плановите.
Да речеме дека од десетте спомнати тимови кои беа шампиони во 1973 година, три клуба уште сега го обезбедија сега. Бенфика, Ајакс и Олимпијакос ги обезбедија пехарите кои им се наменети на прваците од нивните земји.
Дали европскиот фудбал повторно ја доживува 1973 година? Веројатно по ова ништо не ви е јасно, но ќе појасниме. Станува збор за црвено-белата европ