Семејството на малото бебе на кое му кажале дека ќе мора да му ги исклучат апаратите за одржување во живот, сега се радува за неговото поаѓање во училиште.Пред пет години Кели Грејм (38) и нејзиниот сопруг Ричард (41) се соочиле со страшна можност да го изгубат своето бебе старо само 4 месеци.
Откако бебето поминало неколку недели во болница поради менингитис, на неговите родители им било кажано дека на малиот Харисон му бил оштетен мозокот и дека нема да го преживее лечењето.
Кога храбриот пар заедно со семејството отишол да се опрости со бебето медицинските сестри му кажале дека се случило вистинско чудо.
Харисон дишел самостојно. Наредната недела, Харисон кој сега има 5 години ќе започне да оди на училиште.
„Ни беше кажано дека има проблем во развојот. Но, секој ден кога го посетувавме лекарот неговите наоди беа сосема во ред. Постојано ги прашувавме лекарите што се случува но тие не можеа да ни објаснат“.
Тоа беше неверојатно стресно време за нас и момент во кој мислевме дека ќе го изгубиме нашето дете. Сега, ние сме многу горди на него и сме среќни што ќе започне да оди на учичиште. Пред пет години Кели Грејм (38) и нејзиниот сопруг Ричард (41) се соочиле со страшна можност да го изгубат своето бебе старо само 4 месеци.



