• Audi е еден од најбезбедните брендови во премиум класата
• Активните безбедносни системи на Audi А3 дополнително беа наградени од страна на Euro NCAPПотврдувањето на безбедност на моделите на Audi има долга традиција: пред 75 години, DKW инженерите го тестираа субкомпактниот модел F7 во интерес на безбедноста при судир и намалување на можноста од превртување. Тоа е првиот тест на DKW, еден од четирите брендови од кои беше создаден Audi брендот. Audi постојано е во центарот на вниманието со своите нови безбедносни карактеристики.
Субкомпактниот модел DKW F7 кон крајот на 1938 година беше тестиран на падината Голм во близина на Потсдам. Инженерите користеа рампа за да го пуштат автомобилот по удолница со цел да ја демонстрираат неговата сигурност и стабилност. Пред зачудените гледачи и пред камерите, субкомпактниот автомобил беше неколку пати тестиран и покрај тоа моторот се уште работеше а каросеријата речиси беше неоштетена. Овој настан го означи почетокот овие тестовите, а Audi продолжи со своите иновации во областа на автомобилската безбедност.
Бројот на Audi модели постојано расте, а структурата на каросеријата станува се покомплексна. Безбедносните тестови се незаменлив дел од развојот. Денес практично сите видови на несреќи можат да се симулираат. Повеќе од 200 специјалисти во Audi работат само на ова поле. Секој месец, тие вршат околу 20 000 симулации, толку често уште пред првиот прототип да биде направен.
Audi моделите се меѓу најбезбедните автомобили во светот. Брендот со четири прстени нуди сеопфатен пакет на активни и пасивни безбедносни системи во компактната класа. Audi А3, на пример, на располагање го има системот за движење во лента, сопирачка за спречување на повеќекратен судир и сензори напред. Вториот систем користи активно сопирање со цел да се намали брзината во случај на судир, а на тој начин значително се намалуваат последиците од судирот при помали брзини, со тоа воопшто се намалува можноста од судир. Audi А3 четири пати во 2012 година го доби престижното признание „Euro NCAP advanced”, за активните безбедносни системи.
Потврдувањето на безбедност на моделите на Audi има долга традиција: пред 75 години, DKW инженерите го тестираа субкомпактниот модел F7 во ин