Додека постојано слушате за депресијата, симптомите, лекарства и слично, па помислувате дека можеби и вие сте депресивни…ви пренесуваме совет од психологот Вилијам Гибсон.-Пред да си поставите дијагноза дека страдате од депресија или дека имате ниска самодоверба, прво запрашајте се да не сте случајно опкружени со будали, вели Гибсон.
Глупавите луѓе уживаат во нивната глупавост
Под глупавост не се мисли на ниска интелигенција. Никој не е постојано паметен и не постои човек кој знае сѐ. Тргнете од себе: Кога не знаете нешто, најпрво признајте го тоа. А што е уште поважно, немојте да им држите лекции на другите луѓе за работи кои не ги познавате добро. Но, тоа нема да ги спречи глупавите луѓе да се фалат со нивното „знаење“. Тие се намерно глупави и уживаат во тоа.
Глупавите луѓе се гласни и бучни
Дали глупавите луѓе можат да бидат тивки и срамежливи? Можеби, ама тешко дека ќе се сетите на таков пример. Поголемиот дел од нив не се заинтересирани за разговори во кои тие би требало да слушаат. Тие држат монолог, викаат, го нарушуваат вашиот личен простор и не се ни свесни дека го прават тоа. Постои можност дека го прават тоа за да ве исплашат. Во секој случај, тоа не е добро за вас.
Глупавите луѓе се себични
Тие гледаат само за себе. Ги омаловажуваат мислењата, чувствата и успесите на другите луѓе и на тој начин си го „пумпаат“ сопственото его и чувството дека вредат многу повеќе од останатите.
Зошто глупавите луѓе прават да се чувствуваме депресивно?
Доколку постојано сме опкружени со такви луѓе, тие можат да влијаат на нашата самодоверба. Родителите нѐ учеле да бидеме љубезни, добри, да ги слушаме и почитуваме другите. Истото го очекуваме и од останатите. Го почитуваме туѓото мислење, дури и кога не се согласуваме со него. Добрите луѓе не се лутат брзо и имаат тенденција да ги нагласуваат позитивните особини на другите.
Однесувањето на глупавите луѓе прави да се чувствуваме глупаво, затоа што го дозволуваме тоа. Кога често се гледаме со такви личности, со текот на времето нашата самодоверба се намалува, се чувствуваме безнадежно, уморно, тажно и депресивно. Хроничното емоционално злоставување навистина може да доведе до депресија.-Пред да си поставите дијагноза дека страдате од депресија или дека имате ниска самодоверба, прво запрашајте се да не сте случајно опкружени со буд