Како меур од сапуница се распрсна евтината пропаганда на СДСМ. Пред една недела правеа спектакл од неизмиенот мерцедес, а денеска во истиот мерцедес се вози турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Очигледно не е до Мерцедесот туку до потребата за евтина пропаганда со цел да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и нивната влада.Автомобилот кој СДСМ го користеше за својата кампања за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ сега е нешто со кое Зоран Заев и владата се гордеат.
Тоа се покажа уште синоќа кога автомобилот набавен за високи странски делегации го пречека турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу кој е во посета на Македонија.
Истиот овој автомобил беше предмет на монти-пајтон прес-конференцијата со која министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се избламира себеси и МВР, покажувајќи го автомобилот по наредба на Зоран Заев и Роберт Поповски како е извалкан од кал и со стапалки од мачки, откако претходно Заев се обиде да ја подметне како причина за непродавање на автомобилот состојбата во која се наоѓал.
На видеото јасно се гледа дека состојбата во која се наоѓа автомобилот е одлична и дека Македонија имала голема потреба од ваков автомобил.
Тоа го знаел очигледно и Заев од првиот ден, но за потребите на кампањата за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и лажење на граѓаните, замижал без проблем пред овој факт, кој сега се потврдува.
Токму затоа и Заев измислуваше начини како се оправда за непродвањето на автомобилот, па наведе дека затоа што го гребеле мачки во гаража Мерцедесот изгубил на вредноста и наместо 570 илјади, колку што се платени за него, ако сме го продаделе ќе сме земеле само 400 илјади евра како држава.
Обожавателите на СДСМ кога течеше кампањата за оцрнување преку Мерцедесот како аргументи користеа некрофилски компарации дека ваков автомобил чини одреден број на операции за деца во странство.
Сега истите коментатори не го коментираат фактот што истиот мерцедес, Заев одбива да го продаде за да има операции за деца во странство (по нивната логика) и омразениот автомобил се користи за промовирање на Македонија, како што впрочем призна и самиот Заев во интервјуто на МРТ неодамна.
Инаку, во истиот овој мерцедес, претходно се возеле видни личности и дипломати како Федерика Могерини, Јоханес Хан, Бан Ки Мун при посетата на Скопје, но и останати дипломати и преставници.
Автомобилот кој СДСМ го користеше за својата кампања за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ сега е нешто со кое Зоран Заев и владата се гордеат.
Тоа се