Жената чија куќа се наоѓа на само 50 метри од кафулето „Макијато“ каде Синиша Златиќ уби пет лица, а рани 20 луѓе, раскажува што се случило таа трагична ноќ.Жената која се претстави како Мира, вели дека убиените и повредените ги познава од нивното раѓање. Нејзиниот татко отишол во социјалната служба да го пријави Синиша, но никој не реагирал, вели Мира.
Таа вели дека Дијана последен пат ја видела како со сестра и шета покрај локалната црква.
-Се сакаа повеќе од сестри, беа како едно битие, вели Мира.
Таа раскажува дека со семејството била дома и дека нејзиниот син седел покрај компјутерот. Се слушала гласна музика, а другиот син бил излезен…
-Одеднаш се слушна гласно пукање, а во себе помислив кој е тој будала да пука, може да погоди некого. Следниот момент, музиката нагло престана, а синот кој беше со мене во куќата се испаничи и отрча да види што се случило.
Се врати за две минути и рече: Мамо долу е колеж!
-Му се јавив на другиот син да видам дали е таму, но бил на друго место. Стигна брза помош и полиција, а сите гледавме да им помогнеме на повредените. Знаете, јас овие деца што се убиени ги знам од раѓање, раскажува низ солзи Мира.Жената која се претстави како Мира, вели дека убиените и повредените ги познава од нивното раѓање. Нејзиниот татко отишол во социјалната служба да