Пред погребот на таткото доживеала шок: Во гробот на мојот татко лежи друг човек!

Иако Лилјана Стефановиќ веќе 15 години уредно плаќала закуп на парцела на гробиштата во Сремчица тоа место пред половина година е отстапено на други луѓе.Кога дојдовме на гробишта да го закопаме мојот татко, само што не се онесвестивме! На неговото гробно место беше закопан друг човек. Пред 15 години го купивме местото и редовно плаќавме одржување. Не можев да замислам дека вакво нешто ќе ми се случи неколку часа пред погребот. И понатаму не можам да дојдам при себе- вели Лилјана.
Кога Лилјана и копачите дошле на гробиштата биле шокирани од глетката.
-На гробишта прво дојде мојата мајка. Кога видела туѓ споменик се шокирала. Не знаевме што да правиме, во сандакот чекаше телото, беше закажано опело а ние немавме гробно место! Што можев да направам? Да го оживеам таткото или да го откажам погребот? –додава таа.

 
Им било понудено друго место
Да го рушиме споменикот не можевме. Немавме избор добивме друго место а проблемот беше што беше што до местото тешко се доаѓање, беше стрмно и далеку. Местото кое го купивме беше до капелата и на рамно, тој таму сакаше да го закопаме. –вели Лилјана.
Таа додава дека тука нема да запре и ќе истражи кој стои зад ова и кој е виновен.Кога дојдовме на гробишта да го закопаме мојот татко, само што не се онесвестивме! На неговото гробно место беше закопан друг човек. Пред 15 години

Пронајдете не на следниве мрежи: