Пред само пет години преживеала вистински пекол, а денес…

Кели Менцел преживеала животна драма која би можела да биде добро сценарио за филм. Но кога ќе ја погледнете денес, тешко дека би можеле да претпоставите што преживеала оваа девојка.Кели имала само 17 години кога доживеала тешка несреќа. Додека се возела со автомобил по зафрлените делови на Јужна Австралија, на момент заспала зад воланот. Кога се разбудила , автомобилот се вртел неконтролирано. Нејзиниот автомобил се превртел, а Кели останала заробена во него. Дури по интервенцијата на итната служба успеале да ја извлечат, а потоа била пренесена во болница.
„Во тоа време мислев дека тоа е најлошата работа која може да ми се случи. Имав 17 години, требаше да појдам во завршна година, средно училиште, но по несреќата се плашев да возам, па дури и да влезам во автомобил“, вели Кели.

После недела дена поминати во болнички кревет, родителите одлучиле да ја одведат на краток одмор за да заборави на тоа што и се случило. Но дури тогаш доживеала ужасна несреќа. Кели тргнала со татко и на скијање на вода, но бродот не тргал. Одеднаш експлодирал и завршил во пламен.
„Се сеќавам дека огнoт ми доаѓаше до очите и се што можев да сторам е да ги затворам. Се обидов да излезам од бродот, но се лизнав. Погледнав зад себе да видам каде е татко ми, но видов само дека ми горат нозете. Кога скокнав во водата, паднав во шок“, се присетува Кели.
Во тој момент нејзиниот татко се уште бил на бродот. За среќа, наишол друг брод кој ја спасил кели и нејзиниот татко. Кели врескала додека ја ваделе од вода, а како што вели, болката била толку силна што била уверена дека умира.
На местото на несреќата многу брзо се појавиле новинари.

„Последна работа која ја посакував во тој момент беше новинари да ми го сликаат изгореното лице и тело“.
Закрепнувањето не било лесно. Иако се трудела да го сокрие тоа, Кели се борела со депресијата и посттравмаски синдром. Во болница минала многу време, но и по заминувањето дома долго време закрепнувала.

„Морав да научам повторно да одам. Не смеев да излезам на сонце полни две години, па затоа бев покриена од глава до пети и носев чадор со себе. Луѓето ме гледаа чудно, затоа што кожата ми беше розева, а немав ниту коса ниту веѓи. Морав да ја мачкам кожата со креми пет пати на ден полни две години“, се потсетува Кели.
Сепак, успеала да закрепне и тоа подобро отколку што останатите очекувале. Своето закрепнување, како што вели, им го должи на две работи: на своето семејство и вежбањето.
„Ме спаси активниот и здрав живот. Голема улога одигра и моето семејство. Мојата мајка беше покрај мене, таа е ангел. Мораше да ме бања, да ме води во бањата, да ме чешла. Мојот татко, кој беше покрај мене за време на несреќата ми беше голема поддршка и за време на закрепнувањето. Заедно поминавме низ тоа и ниту еднаш не помисли само на себе. Секогаш ќе му бидам благодарна за помошта, љубовта и нежноста која ми ја пружаше во тој период“, додава Кели.
Најтешко и било да се врати на училиште. Девојките од противничкиот кошаркарски тим не сакале да играат со нејзе поради нејзиниот изглед, дури кажале ужасни работи за нејзиниот изглед. Сепак, Кели никогаш не допуштила да ја скрши тоа.

Денес, оваа 22- годишна девојка студира фитнес и нутриционизам и работи како личен тренер. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со инспиративни објави за себе, фитнесот и позитивноста.
„Активниот и здрав живот ми помогнаа да го преживеам сето тоа. Вежбањето е најдобриот антидепресив. Се чувствувам најкорисно кога им помагам на луѓето да ги остварат своите цели и да се чувствуваат добро. Тоа е она што го сакам и околу што сум многу стравствена“.
Иако поминала низ страшно искуство, за Кели несреќата имала позитивна страна, бидејќи да не се случела, таа никогаш не би ја пронашла својата страст.
„Можеби никогаш не би станала тренер и не би менувала туѓи животи“, вели Кели.Кели имала само 17 години кога доживеала тешка несреќа. Додека се возела со автомобил по зафрлените делови на Јужна Австралија, на момент заспала з

Пронајдете не на следниве мрежи: