Студентка од Индија, пред три години била жртва на групно силување. Пред една недела, повторно ѝ се повторила трагедијата.Анонимната девојка повторно завршила во болница, откако по втор пат група мажи ја силувале. И по втор пат дел од мажите биле истите кои го направиле злосторот првиот пат.
Полицијата во Харијана, каде што се случил нападот бара 5 мажи кои се обвинети дека најпрво ја киднапирале па силувале 20-годишната студентка, која била нападната пред зградата на колеџот.
Потоа ја дрогирале и силувале, а полицијата ја пронашла девојката минатата среда како лежи без свест на тротоар.
Девојката припаѓа на најниската каста во Индија.
Заменик шефот на полицијата, Пушпа Катри објаснил дека девојката сеуште се наоѓа во болница, а сите петмина мажи кои ја силувале се идентификувани. Двајца од нив се на слобода, откако платиле кауција и чекаат судење за првото силување врз истата девојка во 2013 година.
-Таа ги идентификуваше сите петмина, а двајца од нив ја силувале и претходно во округот Биванди во 2013 година. Формираме неколку тимови за да ги пронајдеме и уапсиме осомничените, објаснил Катри.
Девојката објаснила дека осомничените претходно ја следеле и вербално напаѓале и од нејзе барале да ја повлече тужбата за силување од 2013 година.
– Постојано ни се закануваа. Ни нудеа пари за да се повлече тужбата, но ние не прифативме, објаснил нејзиниот брат.
Нејзиното семејство вели дека биле приморани да се преселат во друг округ поради малтретирањата кои врз нив ги вршеле обвинетите.
Насилството врз жените во Индија е во центарот на светското внимание, бидејќи групните силувања врз жени се многу чести.
Поради честите напади донесени се реформи во законот за силување и се досудуваат построги казни.
Само во 2014 година се регистрирани вкупно 36.735 случаи на силување, активистите тврдат дека бројката е многу поголема.Анонимната девојка повторно завршила во болница, откако по втор пат група мажи ја силувале. И по втор пат дел од мажите биле истите кои го направил