Предадена е севкупната документација за случајот „Пуч“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.– Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој било предмет што не е во негова надлежност, се вели во соопштението.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Специјалното јавно обвинителство, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.– Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примеро

Пронајдете не на следниве мрежи: