Предавање на Бернар Лори и Научен ден во Битола во знак на комеморација на Првата светска војна

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека организира в петок, 11 ноември 2016 год., во 18 часот, во Центарот за култура во Битола (мала сала) предавање на г-дин Бернар Лори, универзитетски професор и експерт за историјата на Балканот, на тема „Најбалканскиот град Битола во периодот на Првата светска војна“. Предавањето ќе биде проследено со промоцијата на преводот на дел од истоимената книга на авторот. 
Настанот ќе го отвори  Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија, а за истиот е обезбеден симултан превод.Следниот ден, в сабота, 12 ноември 2016 год., од 12:30 ч. до 14:30 ч., во хотелот „Епинал“ ќе се одржи научна средба на тема Источен фронт со учество на врвни експерти од регионот: г-дин Томас Хиплер, професор по историја на Универзитетот во Каен, Нормандија, г-дин Петар Тодоров, истражувач во скопскиот Институт за национална историја г-дин Петрит Натанаили, професор по историја на Универзитетот во Тирана, г-дин Георги Пеев, професор по историја на Новиот бугарски универзитет во Софија,  и г-дин Станислав Сретеновиќ, професор на Националниот институт во Белград.Воведен збор ќе земе г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје и Советничка за култура и соработка при Амбасадата во Франција.Овие манифестации се во знак на комеморација за Првата светска војна во Битола.
Проектот се одржува со поддршка на регионот Нормандија.
  
Настанот ќе го отвори  Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија, а за истиот е обезбеден симултан прев

Пронајдете не на следниве мрежи: