ПРЕДАВСТВО: „Не ја сметав за атрактивна и ѝ дозволив да живее кај нас, но…“

Маж ја оставил својата сопруга и двете деца, поради 15 години помлада дадилка којашто живеела во нивната куќа. Изневерената жена и неверниот маж одлучиле јавно да ја раскажат својата приказна.Абигејл Марфи (38), е проекте координатор и мајка на две деца, а нејзината животна приказна реши да ја сподели преку британски Daily Mail:
„За прв пат се разбудив во празен кревет. Почнав да се тресам. Чувствував голема тага, а потоа лутина и бес. Неколку денови претходно, сопругот ме остави поради друга жена и тоа не било која, туку жената која 15 месеци работеше за нас како дадилка, а има само 23 години.
Тој беше со неа во собата наспроти нашата. Иако Бен веќе подолго време се однесува сомнително, ни во најлуд сон не би помислила дека ќе направи вакво нешто. Се познаваме од млади, а кога се венчавме добивме две деца, па одлучивме да ангажираме дадилка бидејќи и двајцата сме многу зафатени со работа. Тогаш на огласот нѝ се јави 21-годишната Ана и изгледаше симпатично. Ја викнавме да живее со нас во куќата за да може целосно да им се посвети на децата. Не беше толку атрактивна за да ја оставам со сопругот.
Прв пат забележав привлечност меѓу нив за време на излег на кој се чувствував како вишок. Веќе следното утро, моите стравови се потврдија – сопругот одлучи да се разведе и тоа преку најобична СМС порака во која пишуваше: ’Не те сакам повеќе, а се плашам дека ни ти мене. Најдобро е мирно да се разведеме’. Потоа Ана ми призна дека помеѓу нив нешто се случува“, раскажа Абигејл и додаде дека е добро што се разделиле.

На ред е приказната на Бен:
„Моите чувства за Ана се сѐ друго, само не површни. И тоа не го направив лесно. Нашиот брак веќе некое време се распаѓаше, така што мојата љубов кон дадилката само го забрза целиот процес.
Не се чувствувам виновен поради разводот, бидејќи свесно побарав авантура. Се грижев како ќе се чувствуваат децата – најмалку гледав на себе. Аби и после сѐ се однесуваше цивилизирано и великодушно, а можеше да реагира на секаков начин. 
Вистината е дека сопругата долго време ја освојував и дека нејзините чувства никогаш не биле толку силни како моите. Понекогаш е фрустрирачки и откако се омажи за мене, како да не беше потполно посветена на нашиот брак. Тоа го забележував за време на сексот. Нашата поврзаност беше повеќе пријателска отколку љубовна“, раскажува Бен и додал дека еден ден одлучил да ѝ признае на дадилката дека е вљубен во неа, па во една прилика останале сами во куќата и двајцата признале дека чувствуваат меѓусебна љубов.Абигејл Марфи (38), е проекте координатор и мајка на две деца, а нејзината животна приказна реши да ја сподели преку британски

Пронајдете не на следниве мрежи: