Предизборна com.пања

 
Денеска си седам на Фејсбук, како и вчера, како и завчера, ама денеска кога дојде време да се одлогирам од Фејсбукот нешто ми беше необично, нешто како да имаше одвишок, нешто како да почнала политичката кампања за изборите од место на кое не сме научени да почнува. 
 
 
 
  
 
Денеска си седам на Фејсбук, како и вчера, како и завчера, ама денеска кога дојде време да се одлогирам од Фејбсукот нешто ми беше необично, нешто како да имаше одвишок, нешто како да почнала политичката кампања за изборите од место на кое не сме научени да почнува. Порано политичките партиите си правеа агенди, која партија од кој град ќе почне со митинзи и во кој град ќе заврши, но сега, не започна од некој град, од Фејсбук почна. Не зборувам за групи на Фејсбук, за слики, за статуси, тоа е на Фејсбук, ова е над Фејбук Ете се одлогираш од Фејсбук и оп… Стево Пендаровски. Е повеќе Фејсбукот не не поврзува сите, туку сите се поврзуваме со Стево Пендаровски. Сега да видиме на Твитер, можеби и таму ќе не отпоздрави Стево, или пак таму има одма контра удар. Можеби на Твитер ќе го видиме Ѓорѓе Иванов. А да си проверам меил и на меил да не ме има некој покането да го гласам.
Добро бе, не ми е јасно, Заев се договорил со Цукерберг наместо “Welcome to Facebook” на цела територија на Македонија да стои “Stevo Pendarovski”? Ете што значи да си моќен. Јас ќе напишам еден статус на Фејсбук, па нема да ми излезе на почетна, а да бев кандидат за претседател ќе ме имаше и надовр од Фејсбук, над Фејсбук. А на некој и на десктоп од нигде никаде да не му се има наместо слика од некој кандидат?

Видете, нема потреба предизборната кампања да се состои од митинзи и од реклами на телевизија. Нема потреба од трошење пари, па да се плашиш дали ти се погодило времето за митинг итн. Се нека се случува на Фејсбук, па дури и кога ќе направиш “log out” од Фејсбук нека ти излегуваат политичари. Абе си правиш група на Фејсбсук, една за членството, друга за членството и за неопределените заедно и переш мозоци. Марк Цукерберг ви нуди бесплатно перење на мозок за било какви политички цели. Е сега тој што сака да го има на  “Welcome to Facebook” ќе префрли некој долар на сметка на Фејсбук.
Понатаму, Државната Изборна Комисија ќе си направи специјална веб страна за гласање. На пример: “www.dik.glasajdemokratski.gov.mk”. Многу практично. Наместо студентите да се враќаат од Скопје во родниот град, ќе си гласаат на веб. По факс ќе пратат лична карта и една IP адреса, еден глас, чиста работа.
Кога ги споменав студентиве, ми текна, на некоја страна од факултетиве да не се има појавено некој од политичариве? Пример, наместо резултати од испит, гледаш дека имаш резултати од анкетата на  Институтот за испитување на јавното мислење “Павел Шатев”. Или влегуваш да си го провериш студентско досие и гледаш досието на Зоран Заев, да се увериш дека не треба да му веруваш.
Јас онака, превентивно го напишав ова, да не ми влезе некој предизборен политички вирус во компјутеров.
Г.Ангелески
 
 
 
 
  
 
Денеска си седам на Фејсбук, како и вчера, како и завчера, ама денеска кога дојде време да се одлогирам од Фејбсукот

Пронајдете не на следниве мрежи: