Навивачите на Бешикташ ги нападнаа навивачите на Лион со топовски удари. Уплашените Французи бегаа на теренот од страв, а на тој пат ги чекаа насилните хулигани.Сите четвртфинални натпревари од Европската лига почнаа во 21:05 часот, само овој помеѓу Лион и Бешикташ не. Стартот доцнеше 45 минути поради хаосот кој го предизвикаа турските хулигани.
Сепак, се одиграа 90-те минути и како победници излегоа фудбалерите на Лион, кои со пресврт во самиот финиш дојдоа до предност пред реваншот во Истанбул од 2:1.
Но, фудбалот го засенија нередите пред почетокот на натпреварот. Неколку илјади хулигани беа сместени во најгорниот сектор од стадионот, а половина час пред почетокот на мечот, тие почнаа да ги маваат со топовски удари и бакљи.
Голем страв ги обзема Французите кои тргнаа да трчаат кон теренот каде што и се најдоа после тоа, но додека бегаа хулиганите нападнаа физички дел од нив. Меѓу нив имаше и жени и деца, како и постари луѓе.
Француските медиуми пишуваат дека дошло грешка во елекстронското продавање влезници, па гостинските навивачи успеале да купат 20 илјади карти низ целиот стадион.
Француската полиција натпреварот го окарактеризира како меч од висок ризик и имаше дури 500 специјалци. Хулиганите на Бешикташ сепак успеаа да внесат пиротехника.
Пред натпреварот во градот исто така имаше нереди, а за жал планот на хулиганите се исполни, ти успеаа да направат хаос.Сите четвртфинални натпревари од Европската лига почнаа во 21:05 часот, само овој помеѓу Лион и Бешикташ не. Стартот доцнеше 45 минути поради хаосо