Владата на СДСМ во 2018-та година ќе потроши 5.2 милиони евра за патни и дневни трошоци повеќе од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ ветуваше кратење на непродуктивните трошоци и менување на системот на размислување кога станува збор за трошењата на државните функционери, сега гледаме не само што не скратиле, туку и ги зголемиле непродуктивните трошоци на име дневници за неверојатни 5.2 милиони евра, пари со кои можат да бидат изградени 5 училишта, но наместо за училишта Владата парите ќе ги потроши за дневници на државните функционери.
Ова е спротивно на сите ветувања кои ги имаше СДСМ во текот на изборите. Имено, претставниците на тогашната опозиција, а сега министри во Владата, велеа дека не може министрите, директорите и друггите претставници на власта да трошат пари за дневници, а вработените да одат со такси, автобус или со велосипед на работа.
-Ако може вработениот во јавно претпријатие да дојде на работа со кола, со такси, со автобус и точак, тоа може и директорот на тоа јавно претпријатие. Ако може тој во јавна или државна администрација да го направи тоа, ќе го направи и министерот. Не е само колку пари ќе се заштедат малку мора да го смениме и системот на размислување, зборуваше Радмила Шекеринска пред изборите во декември минатата година.
Сега гледаме дека очигледно вешто ги манипулирала граѓаните.
Предлог Буџетот на Владата на СДСМ за 2018-та година со скоро 3.5 милијарди евра е најголемиот Буџет во историјата на државата, пари кои во голем дел ќе бидат трошени на разни луксузи и некапитални расходи.
Имено, Владата кроејќи го Буџетот очигледно тргнале од потребите на врхушката на власта, а не на граѓаните како што ветуваа пред изборите. Владата за стапката патни и дневни трошоци предвидува скоро двојно зголемување, па така од 455 милиони денари, односно 7.3 милиони евра кои биле потрошени во 2017-та година, предвидени со Буџетот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во 2018-та година планира да потроши 770 милиони денари, односно 12.5 милиони евра, што е досега најмногу пари кои една Влада ги потрошила на оваа стапка.СДСМ ветуваше кратење на непродуктивните трошоци и менување на системот на размислување кога станува збор за трошењата на државните функционери, се