Додека во Собранието непрекинато тече дебатата за неуставниот закон за јазиците, предлог буџетот за 2018 година открива дека ќе има казни за граѓаните и институциите за неупотреба на албанскиот јазик.Во најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе има и пари за две нови институции кои ќе произлезат од новиот закон за јазиците. Тоа ќе бидат агенцијата за примена на јазикот како и Инспекторатот за употреба на јазиците.
Функциите на овие две установи се сеуште нејасни, но едно е сигурно, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ја има функцијата да ги казнува граѓаните и државните институции кои нема да го употребуваат албанскиот јазик.
Бујар Османи во свое неодамнешно интервју уште пред формирањето на новата влада најави казни кои ќе достигнуваат и до 5 илјади евра за институцијата која нема да го почитува законот, а до 30 проценти за вработените.
Во најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе има и пари за две нови институции кои ќе произлезат од новиот закон за јазиците. Тоа ќе бидат а